18 годишно момче починало вежбајќи во теретана

Семејството Кициќ од Врање, Србија  е во шок откако нивниот 18 годишен син, Немања во средата починал вежбајќи во теретана. Според информациите, на Немања му откажало срцето.  Според информациите кои ги објавија српските медиуми, тој околу 20 часот загубил свест при обидот да подигне тежина во вежбалната. Веднаш притрчале останатите момчиња кои вежбале. Повикале брза помош и момчето било префрлено во болница, но лекарите не успеале да го реанимираат и тој починал. Претпоставките се дека му откажало срцето. Родителите не дозволиле на неговото тело да се врши обдукција.
Тие денеска во обраќање до јавноста преку српските медиуми ги преупредуваат сите родители чии деца вежбаат да внимаваат какви препарати користат и дали се под надзор на стручни лица.
„Немања пиеше некои препарати после тренингот кои ги купуваше во теретаната. Ние како родители мислевме дека е добро за него да вежба и да има здрав живот но ни на крај памет не ни падна да провериме, дали вежбите ги прави во координација со професионалец“ - велат неговите родители за Вечерни новости

 

 

08.04.2014 - 12:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега