Канческа-Милевска на промоција на нова библиотека во Илинден
Денеска министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ќе го посети Домот на културата во општина Илинден, каде ќе биде промовирана новата општинска библиотека во оваа установа.
Канческа-Милевска ќе донира комплети од едициите „130 тома македонска книжевност“ и „Превод на литературни дела на добитниците на Нобеловата награда за литература“.
Општинската библиотека Илинден располага со фонд од 10.000 книги.
ФОТО: Денешен