Македонска собраниска делегација заминува за Косово

 

Делегација на Комисијата за европски прашања на македонското Собрание, предводена од претседателот на собраниското тело Хајрула Мисини,  денеска и утре ќе оствари билатерална посета на Косово. Во состав на делегацијата се и потпретседателот на Собранието Јани Макрадули и пратениците Миле Пачемски и Орхан Ибраими.

Како што соопшти собраниската прес-служба, во рамките на дводневната официјална посета на Косово, делегацијата ќе оствари средби со претседателот на Парламентот, Јакуп Красниќи, со министерката за европски интеграции, Влора Читаку и со косовската претседателка Атифере Јајхага.

Исто така, делегацијата ќе одржи и состаноци со Комисијата за европски прашања и Комисијата за човекови права, еднакви можности меѓу мажите и жените, за исчезнати луѓе и за петиции на Република Косово.

најчитано сега