Потрагата по исчезнатиот боинг е најскапа во историјата на воздухопловството
Потрагата по исчезнатиот малезиски авион во Индискиот Океан, за што до сега се потрошени неколку десетици милиони долари, може да стане најскапа операција во историјата на воздухопловството.
Во потрагата се вклучени 26 држави со свои авиони, бродови, подморници и сателити. Акцијата трае веќе еден месец, и доесега се потрошени најмалку 44 милиони долари.
Досега најскапа акција за потрага по исчезнато летало беше онаа по авионот на „Ер Франс“, што се урна во 2009 година во водите на Атлантскиот Икеан и која траеше речиси две години.
Според експертите, доколку потрагата по францускиот авион би се спровела денес, таа би чинела три до четири пати повеќе отколку сумата потрошена во периодот 2009-2011 година.
Воздухопловните експерти проценуваат дека потрагата по малезискиот „Боинг 777“, што исчезна на 8 март на летот од Куала Лумпур до Пекинг, би можела да достигне и до неколку стотици милиони долари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа