Реконструкција на неколку патни правци во Македонија

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено по суви коловози.

Поради оштетување на коловозот од надојдена вода од река Радика на патен правец Р-409 Маврово - Дебар во близина на Бошков мост направен е бајпас и сообраќајот повторно се одвива по две коловозни ленти (додека траат санациите на оштетената коловозна лента). За тоа има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На патниот правец Гостивар - Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента.

На патниот правец Демир Капија - Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено светлосна сообраќајна сигнализација (семафори) која го регулира сообраќајот. Можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот на тој дел од патот.

На патниот правец А3/Р1-312, делница Велес - Кадрифаково се врши геодетско снимање на патот. Првата фаза започна на 27.03.2013 година, при што се поставени две табли за известување за работа на пат, од кои едната е поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково.

Според известување на градежната фирма ГРАНИТ, поради свлечиште во должина од 150 метри кај месноста Фариш на патниот правец Градско - Прилеп, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента. И според Македонијапат, на патниот правец Прилеп – Кавадарци, еден километар пред тунелот Фариш сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента поради свлечиште во должина од 200 метри. За безбедно одвивање на сообраќајот пред и по свлечиштето е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација.

Патниот правец Р-103 Неготино - Радовиш односно Неготино - Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино - Криволак - Пепелиште и тоа само за лесни возила.

Информација за движење на патниот правец Р 104 Скопје – Македонски Брод преку националниот парк Јасен од 01.04.2013: Скопје – Македонски Брод од 06:00 - 09:00 часот и од 16:00 - 18 часот. Македонски Брод - Скопје од 05:00 - 06:00 часот и од 18:00 - 20 часот.

Интензитетот на сообраќај  надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

најчитано сега