Силен земјотрес ја потресе југоисточна Франција

 

Земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала беше регистриран вчера во југоисточна Франција.

Земјотресот бил почувствуван на подрачјето од Азурниот Брег до јужните Алпи.

Се уште нема  информации за евентуални жртви или за причинета материјална штета.

Потресот е регистриран во 21:25 часот и траел 15 секунди. Тој бил почувствуван особено силно западно од Ница. Се уште не е утврдено каде бил епицентарот на земјотресот.

08.04.2014 - 09:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега