Голема полициска акција во моментов: Се апси низ цела Македонија

Голема полициска акција во моментов е во тек на повеќе локации низ Македонија. Како што дознава Press24 од свои полициски извори, МВР е на терен и спроведува претреси на повеќе места низ земјава. Според првичните и неофицијални информации, станува збор за координирана акција за сузбивање на нарко дилерите во земјава. Неофицијално, запленети се околу 100 килограми марихуана. Од МВР за Press24 ја потврдуваат оваа информација но бидејќи како што велат, акцијата се уште е о тек, не сакаат да откријат повеќе детали. Од полицијата велат дека со информации ќе излезат во текот на утрешниот ден

07.04.2014 - 23:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега