Оптимизмот се повеќе расте: Михаил Шумахер реагира на гласови
Менаџерката на Шумахер, Сабина потврди дека славниот Германец се повеќе е свесен и буден, а како што пишуваат весниците Bild i La Gazzetta dello Sport дека ги отворил очите и дека почнал да реагира на звуци.
Жан Алеси кој неколку пати го посетуваше Шумахер во болниоца, тврди дека семејството многу патеше и сега добива нова мала надеж и сега уште повеќе се цврсто убедени дека се навестува светла иднина за седумкратниот шампиоон на Формула 1 Михаил Шумахер.
- „Во почетокот Михаел реагираше само на болка, да речеме кога беше стегнат. Тоа можеби беше и несвесна реакција на неговото тело, но за време на последната посета сфатив дека работите одат кон подобро. Семејството се чувствува полесно и многу радосно“, - рече Алеси.
Докторите и семејството свесни се дека патот до опоравувањето е и понатаму премногу долг, но со оглед на случувањата во последните денови, во кругот на најблиските на германецот владее оптимизам.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа