Попоски: Студентите секој четврток бесплатно во кино, театар и музеј

Актуелниот министер за надворешни работи Никола Попоски кој е носителот на листа во шестата Изборна единица на Коалцијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ,  денеска во Гостиварско порача дека во програмата „Проверено 2014-2018 година“ има мерки кои се за сите целни групи.

- Особено внимание имаме посветено на најмладите, на студентите на кои им се овозможува секој четврток да можат да го користат јавниот транспорт, жичарницата во Скопје и железничкиот сообраќај бесплатно на територијата на цела Македонија. Воедно секој четврток ќе имаат можност и да ги посетуваат кината, театрите, музеите без да има потреба да платат, изјави Попоски. 

07.04.2014 - 17:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега