„Никогаш не дозволувајте вашето срце да се претвори во камен“ - поучна приказна

Учителката побарала од учениците да донесат во вреќичка по неколку компири, и на секој компир да го напишат името на човекот што го мразат и презираат. Кога децата тоа го направиле, учителката им дала и друга задача, односно таа вреќичка со компири да ја носат постојано со себе, каде и да одат, две седмици.

Учениците тоа и го сториле. Меѓутоа веќе после некој ден почнала да се шири непријатна миризба од вреќичката бидејќи компирите почнале да се расипуваат. Колку повеќе време поминувало, толку мирисот станувал понеподнослив. Кога ја завршиле задачата, учителката ги запрашала учениците како се чувствувале додека ја носеле вреќичката со компири. Децата почнале да се жалат како им сметала, за некои од нив била претешка, а на сите им пречел непријатниот мирис кој се ширел од мувлосаните компири.

Тогаш учителката им го кажала следното:

Како што вие се чувствувавте за време на задачата, исто така се чувствува и вашето срце спрема луѓето што ги мразите. Во вашето срце секогаш ќе има тежина, секогаш нешто ќе ви тежи и ќе ви создава немир, од вашите срца ќе блика омраза и непријателство исто како што смрдеата се ширеше од вреќичката со расипани компири. Ако не сте во состојба две седмици да ја носите вреќата со трули компири, замислете како им е на оние луѓе кои цел живот во своите срца носат омраза и злоба? Во тоа срце исполнето со лоши емоции, едноставно никогаш ќе нема место за љубов. Тоа се луѓето со празен живот…Никогаш не дозволувајте вашето срце да се претвори во вреќа мувлосани компири. Тоа срце никогаш нема да биде среќно…Тоа срце не умее ни да даде, ни да прими љубов, тоа среце е камено!

Извор: Попара

07.04.2014 - 17:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега