Се мачкал со мед за да го јадат пчели- еве кое место најмногу боли
Американскиот научник Мајкл Смит од Универзитетот во Корнел, спровел сериозен и потенцијално опасен експеримент. За да открие каде боли најмногу убодот на пчела, тој одбрал 25 места на своето тело, кои ги мачкал со мед и ги предизвикувал пчелите да го каснат - пет пати дневно, цели 38 дена.
Според него убодот од пчела најмногу боли на тестисите, но заклучил дека тоа не е вистина. Искуството од болката го мерел на скала од нула до десет, а контролниот убод во подлактицата го оценил со пет.
Тестисите се дури четвртото најлошо место каде би можело да ве касне пчела, а таа болка ја оценил со оцена 7, исто како и убодот во образ, дланката и пазувите. Најмалку болни места биле черепот, врвот на средниот прст на ногата и надлактицата.
Тој не би сакал никогаш повеќе да биде убоден во ноздрата, бидејќи вели дека тоа воопшто не е забавно. "Телото реагира силно на тоа, очите ти солзат", вели тој.
Резултатите од неговото истражување беа објавени во научниот магазин "PeerJ".
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа