Семејството и пријателите го погребаа најмладиот веслач кој почина за време на тренинг
Повеќе од илјада луѓе вчера дојдоа да се поздрават за последен пат со 17-годишниот Лазар Симоновиќ од Србија кој почина за време на тренинг.
- Зошто си отишол, Лазо сине, зошто не напушти? Врати ни се Лазаре, што ќе правиме сега без тебе, одекнувал гласот на очајните родители.
Многу роднини, соседи и пријатели од училиште и од спортскиот клуб Смедерово во кој Лазар тренираше, додјдоа за поседен пат да се поздрават со својот другар.
Освен неговите родители најтешко им падна и на неговите друагрчиња од Техичкото училиште кои со цвеќе во рацете и свеќи и со солзи на очите сакаат да го видат и да го чујат барем уште еднаш својот сооученик.
Да ве потсетиме, 17- годишнито Лазар додека трчал за време на тренинг паднал на земјата и од тогаш не застна на нозе.
- Друже мој ќе ни недостигаш, ќе ни недостига твојата насмевка и твојата добрина со која секогаш им помагаше. Боже, не е фер што го зема најдобриот од нас, рекла низ солзи една девојка додека другарчињата од училиште ги тешете нивната професорка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа