ВИДЕО: Се спарија јарец и овца- еве што излезе од нив
Хибридно животно, кое е мешавина на јарец и овен, е родено на фарма во Ирска а сопственик е Педи Марфи.
Фармерот додаде дека ваквото вкрстување воопшто не било планирано и дека за него претставува вистински шок.
- Никогаш не сум видел вакво нешто. Моето семејство со генерации одгледува овци - рекол Марфи за земјоделско списание.
Младенчето е сосема здраво, дрнато и трча побрзо од другите јагниња кои биле родени во истото време.
- Неверојатно. Тоа е толку брзо што ќе мора да се затвори во штала за да се фати. Не постои друг начин - вели фармерот, додавајќи дека на младенчето почнале да му растат рогови.
Повеќето хибридни животни имаат големи здравствени проблеми и не живеат долго- соопшти "Би-Би-Си.
- Сеуште не одбравме име за него. Наскоро ќе мора да го смислиме, вели фармерот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа