Со чекан нападнал три жени во хотелска соба додека спиеле

Три жени кои престојувале во хотелот „Камберленд“, во центарот на Лондон, се нападнати во својата соба од напаѓач кој бил вооружен со голем чекан.

Инцидентот што полицијата го води како обид за убиство,се случил рано утринава,после 02,00 часот,на седмиот спрат од хотелот стои во соопштението на Скотланд Јард.

Непознатиот напаѓач упаднал во нивата соба,во која покрај трите жени, спиеле и три деца и со чеканот сите три ги удрил по главите и по лицето.

Сите три се тешко повредени, додека за една од жените полицијата вели дека се наоѓа во критична состојба.

Жените се од Обединетите Арапски Емирати и се на возраст од триесетина години. Се уште не е познат мотивот за овој напад,што се опишува како мошне редок, кога станува збор за вакви инциденти во лондонските хотели,а посебно за хотелот „Камберленд“ кој е лоциран наспроти лондонскиот споменик „Марбел Арч“ и на почетокот од шопинг зоната на улицата „Оксфорд“. 

07.04.2014 - 14:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега