Ставрески: 100 милиони евра за брани и хидросистеми за наводнување

 

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран СТавревски, денеска за време на посетата на компанијата за производство на пластични маси „Конти Хидропласт“ во Гевгелија, најави нови 100 милиони евра инвестиции за комуналната инфраструктура и изградба на хидросистеми занаводнување.

- Конти Хидропласт е една од најдобрите фирми во Македонија во последните неколку години со одличен раст. Задоволен сум од она што го видов и слушнав дека компанијата освојува нови пазари. Како влада во тој дел ќе помогнеме преку изградба на голем дел комунална инфраструктура и друга инфраструктура во општините во Република Македонија и со изградба на нови хидросистемикако што се Конско во Гевгелија, Маркова Река, Оризарска Еека и многу други, истакна Ставрески.

Сопственикот на компанијата Борче Маџунков рече дека за успешниот развоен пат на „Конти Хидропласт“ најголема улога одиграла комплетната посветеност на раководството и работниците и освојувањето на нови пазари.

- Пред две години почуствувавме последици од рецесијата, но таа е веќе минато, изјави Маџунков.

 

07.04.2014 - 13:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега