Легализирани уште 48 објекти во Кисела Вода

 

Во општина Кисела Вода се легализирани уште 48 дивоизградени објекти со што вкупниот број на решени предмети за легализација достигна 2.586.

Вкупниот број на доставени предмети за легализација во општината изнесува 11.874.

Од општината информираат дека со кадровското и техничко доекипирање на Одделението за легализација на дивоградбите создадени се можности за поголема динамика на решавање на предметите, но оти процесот е оневозможен без геодетските елаборати кои треба да ги достават граѓаните.

 

07.04.2014 - 11:05
Фото: 
Дневник.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега