Професор од Оксфорд ќе им предава на студентите на Филозофскиот факултет

 

Професорот по византиска археологија Филип Нивонер кој предава на Универзитетот во Оксфорд, утре доаѓа на Филизофскиот факултет во Скопје.

Станува збор за курсот „Археологијата на мермерот во Македонија и византискиот свет“, кој ќе се одржи на 10, 14, 16 и 17 април со почеток од 10 часот, поради што професорот ќе одржи предавања на факултетот.

Предавањата на професорот Нивонер ја отвораат серијата таканаречените визитинг предавања меѓу Институтот за историја на уметноста и археологија и Катедрата по археологија од  Оксфорд, за кој е потпишан меѓусебен договор во ноември лани, по иницијатива на фондацијата „Кирил Трајковски“.

07.04.2014 - 10:52
Фото: 
Факултети.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега