Саем за вработување и пракса

На Факултетот за електротехника и информациски технологии денеска ќе биде отворен првиот Саем за вработување и пракса „Контакт“.

На првиот ден на Саемот во организација на Студентскиот парламент при ФЕИТ, ќе се организира и форумска расправа на тема „Соочуваме аргументи на тезата: пресекот помеѓу стручните познавања на дипломецот и побарувањата на стопанството е празно множество“, на која ќе учествуваат студенти, професори и претставници на компании.

Саемот ќе трае два дена.

07.04.2014 - 09:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега