СДУ се приклучи на Коалицијата „За подобра Македонија“

 

На синоќешниот митинг на Коалицијата „За подобра Македонија“ на скопскиот плоштад „Македонија“, беше промовирано дека Социјалдемократската Унија стана дел од Коалицијата „За подобра Македонија“.

Од СДУ со соопштение информираат што стои зад одлуката партијата да биде дел од овој тим.

-Во моменти кога геостратешките интереси на големите светски сили почнуваат да се реализираат и во реалноста, односно во моменти кога се прекројува картата на Европа, на Република Македонија држава која има отворени прашања со соседите акцентирајќи го наметнатиот проблем од Грција кој е пречка за наша Евро-Атланска интеграција, најмалку од се во овие историски моменти и е потребна политичка турбуленција и нестабилност.

СДУ како сериозна политичка партија, согледуваќи ја оваа ситуација и реалната опасност која и се заканува на Република Македонија од овие надворешни случувања а незанемаруваќи ги и внатрешните закани кои во комбинација со надворешните се огромна опасност по опстанокот на државата, излезот го гледа во окрупнување на сите слободномислечки граѓани, невладини здруженија, синдикати и политички партии околу, во овој момент единствениот стратешкиот интерес на Република Македонија а тоа е зачувување на територијалниот интегритет и суверинитет, мултиетничкиот и мултиконфесионалниот соживот како и одбрана на Македонскиот идентитет кој е сериозно нападнат.

СДУ согледуваќи ја досегашната работа на претседателот Ѓорге Иванов и Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ по овие стратешки прашања, не занемаруваќи ги и останатите позитивни резултати како раздвижувањето на економијата, земјоделието, здравството, социјалната политика, донесе одлука безрезервно да го поддржи кандидатот за претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов и владејачката партија во намера да освои стабилно мнозинство се со цел за поефикасно справување на предизвиците кои и престојат на Република Македонија. Трите столба Безбедност - Развој - Демократија на нашата изборна платформа насловена како “Реформска СДУ” се застапени во Изборната програма на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе наши приоритети и проекти се составен дел на истата и СДУ како дел од коалицијата „За подобра Македонија“ во наредниот четиригодишен мандат на Владата на Република Македонија ќе ја има можноста за нивна реализација во интерес на граѓаните на Република Македонија. Воедно ги повикуваме сите слободноумни граѓани и организации да се обединат околу оваа цел и ја дадат подршката на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ која во моментов е единствената сериозна политичка сила, стои во партиското соопштние.

06.04.2014 - 15:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега