Зголемување на платите, пензиите и социјалната помош - намалување на даноците

 

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски  на вчерашниот митинг на коалицијата „За подобра Македонија“, најави зголемување на пензиите, на социјалната помош и на платите во јавниот сектор секоја година за 5 отсто или за четири години вкупно зголемување за 21,5 проценти.

Премиерот најави дека во новата програма „Проверено“ на ВМРО-ДПМНЕ во која се содржани 2.046 нови проекти се предвидува и намалување на стапката на ДДВ од 18 на 5 отсто на сточната храна и адитивите за сточна храна, на живиот добиток, на бебешките производи, на училишниот прибор.

-Намалување на ДДВ од 18 на 5 % на сточна храна и адитиви на сточна храна, намалување на ДДВ од 18 на 5 % за жив добиток, за бебешки производи, училиштен прибор, намалени каматни стапки за проектот „Купи куќа, купи стан“. Првите три години наместо 4,9 % ќе изнесува 3,95 %, а во 4 и 5 година наместо 5,5, ќе биде 4,44 %, наброи премиерот Груевски.

Тој најави дека пензиите на пензионерите секоја година ќе се зголемуваат за 5%, што значи дека за 4 години пензиите ќе бидат повисоки за 21%.

ВМРО-ДПМНЕ, најави премиерот Груевски, ќе обезбеди вкупно 600 милиони евра за развој на земјоделството и руралните средини, по 150 милиони секоја година.

-Ова е историски највисок постигнат износ за поддршка на македонскиот земјоделец обезбеден од македонската држава, изјави премиерот Никола Груевски на вчерашниот централен митинг во Скопје.

 

 

06.04.2014 - 13:51
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега