Кортни Лав го убила Курт Кобејн?

Иако во јавноста се прошири информацијата дека Кобејн се самоубил, веднаш по неговата смрт се појавиле гласини дека всушност него го убила неговата тогашна сопруга Кортни Лав.

Фронтменот на легендарната Нирвана, Курт Кобејн, бил пронајден мртов од страна на електричарот Гери Смит во неговиот дом во Лејк Вашингтон на 8-ми април во 1994-тата година. 

Теорија за неговото убиство од страна на Кортни била објаснета во филмот од 1998-та година, "Kurt & Courtney". Во филмот биле испрашувани голем број негови познаници, кои го знаеле и од времето пред Кортни Лав, а нејзиниот татко Хенк Харисон изјавил дека верува дека смртта на Кобејн е поврзана со заговорот кој го организирала неговата ќерка.

Панк пејачот "El Duce" исто така изјавил дека Кортни му нудела 50.000 долари да го убие Курт. Во филмот изјавил дека знае кој точно го убил Кобејн, но истакнал дека "ќе ја остави таа работа на ФБИ". Два дена подоцна, "El Duce" загинал во железничка несреќа.

Неодамна се појавила уште една теорија на заговор поврзана со смртта на популарниот пејач. Нејзин автор е францускиот историчар и форензичар Жак Виње кој тврди дека се' е една голема измама.

Не само што Курт не си пукал во главата, туку според зборовите на Жак тој никогаш не ни постоел. Французинот тврди дека Нирвана имала 3 идентични пејачи, односно идентична тројка од Охајо. Нивните имиња биле Дони, Тајлер и Ед Лодер.

Според неговите зборови, во 1994-тата година починал Дони Лодер, кој бил убиен од браќата Тајлер и Ед, и сето тоа нормално, поради пари. Наводно Дони не сакал со нив да ги подели правата од хит албумот "Nevermind".

06.04.2014 - 13:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега