Груевски: Се обврзуваме да работиме за нови 64.000 работни места
Борбата продолжува, целите се исти. Силна Македонија, просперитетна Македонија, Македонија која ќе отвора нови работни места, ќе гради и ќе се грижи за своите граѓани. Оваа порака ја испрати премиерот Никола Груевски на синоќешниот масовен митинг во Скопје.
Тој најави нови 64.000 работни места.
-Кога дојдовме во Владата невработеноста беше 38% и илјадници семејства страдаа. Се зафативме со битката и успехот е видлив. До денес невработеноста е намалена за 10 процентни поени. Дали е доволно? Не. Може ли подобро? Да. Помошта да се создадат 120.000 работни места во 7,5 год е потврда за напорната работа на сите граѓани. Се обврзувам дека во текот на следниот мандат ќе работиме на создавање на нови 64.000 работни места.Ова ќе значи намалување на невработеноста за дополнителни 6 процентни поени, рече Груевски.
Премиерот посочи дека имаат нова прецизна агенда за овие нови работни места.
-Напорно ќе работиме на поддршка на бизнисите во Македонија, ќе обезбедиме поволности за вработувања, особено на младите кои сакаат да работат.Ќе продолжиме со привлекување на странски инвестиции, што покажува на светот дека Македонија е отворена за бизнис и да ја одржиме економски силна, истакна премиерот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа