Груевски: Новата програма предвидува простување на долговите за струја, парно и кредити во банка

 

Во изминатите 5 години се случи најголемата светска економска криза и должничката криза во Европа. Беа проследени со длабоки удари врз населението. Кризата остави тешки последици во сите земји вклучително и во Република Македонија. Иако Македонија подобро се справи со кризата од други земји, последиците врз фирми и граѓани не можеа целосно да се избегнат. Кај граѓаните тоа е најмногу изразено преку неможност навремено да ги плаќаат достасаните обврски, што предизвика пораст на бројот на граѓани со долгови за достасани, а неплатени обврски. Од тие причини, а со цел да им помогнеме на најранливите категории на граѓани ќе се направи една многу конкретна и значајна мерка „Еднократен отпис на долговите“, најави Груевски.

Тој детално ја образложи оваа мерка која е само една од 2046 проекти од новата програма.

-Корисници на правото за отпишување на долгови ќе бидат корисници на социјална помош, лица кои над 12 месеци се невработени и активно бараат работа преку АВР, со пресек до 31.12.2013-та, двајцата сопружници да не се вработени, односно само барателот да не е вработен ако станува збор за лице што не е во брачна заедница. Кај овие лица исто така услов е по други основи да не освоиле годишен приход над 105.600 денари. Да немаат друг станбен објект за живеење, освен оној во кој живеат сами или со своето семејство. Лица кои поради семејна несреќа, смрт на еден од сопружниците или потешка болест или губење на работната способност, се доведени во состојба да не можат да ги отплатат долговите, рече Груевски.

Правото на отпис се однесува на следните долгови со пресечна состојба на 31.12.2013-та: неплатени долгови за електрична енергија кои се отужени или неплатени повеќе од 12 месеци. Долгови спрема банките по основ на кредитни картички, минусни салда по тековни сметки и потрошувачки кредити кои се достасани, а неплатени подолго од 12 месеци и банките ги имаат класифицирано во категорија Д, а не се обебзедени со движен или недвижен имот. Неплатени долгови за парно греење, долгови по основ на радиодифузна такса.

-За наведените категории на граѓани и на долгови отписот на обврските од страна на економските субјекти ќе се изврши на доброволна основа преку одобрување на даночен кредит од страна на државата во висина на отпишаните обврски. Со оваа еднократна мерка најмногу ќе им се помогне на најранливите категории кои беа и најпогодени од последиците од економската криза.  Корист од оваа мерка би имале и економските субјекти кои би ги избегнале трошоците за завршување на постапките, истакна премиерот.

Овој проект, рече, планирано е да се реализира до септември 2014-та година

Еве како државата планира да им ги отпише долговите на граѓаните

06.04.2014 - 11:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега