Ставрески: Студентскиот „Гоце Делчев“ ќе се реконструира најбрзо што може

 

Никола Груевски и носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ синоќа одговараа на прашања поставени на Фејсбук страната на премиерот. Едно од прашањата кои беа поставени, беше и она за најавената реконструкција на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.

-Ние кога ја носевме одлуката во Влада исто така побаравме максимално брзо да се подготви проектната документација бидејќи е сериозен проект за целосна реконструкција на домот и веднаш штом се создадат законски услови, а тоа е по завршувањето на изборниот циклус ќе може да се објави и јавен оглас за компанија која ќе ја подготви проектната документација. Откако заврши таа фаза, ќе се објави и огласот за градба, објасни министерот за финансии, Зоран Ставрески.

Овие постапки, рече Ставрески, треба да привршат некаде до крајот на годинава.

-Веќе имаме договорено средства за ова и најбрзо што е можно да се пристапи кон реконструкцијата, истакна Ставрески.

Премиерот Груевски потенцираше дека овој проект стои во новата програма, со прецизни рокови.

06.04.2014 - 11:27
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега