Украина ќе ги исполни обврските во врска со тразнитот на рускиот гас во Европа

Украина ќе ги исполни своите обврски во врска со тразнитот на рускиот гас во Европа, соопшти синоќа украинскиот министер за енергетика Јуриј Продан.

Тој нагласи дека Украина нема да има „никаква врска“ со гасот кој оди во Европа.

- Количеството на тој гас кој ќе влезе во земјата ќе соодетствува со она кое ќе биде испорачано на украинската западна граница, дури и во случај Русите да престанат да го испорачуваат гасот на Украинците, рече Продан.

Оваа изјава доаѓа по руските обвиненија до Украина за кражба на гас во тразитот преку нејзина територија, наменет за западноевропските земји.

06.04.2014 - 11:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега