Парламентарното собрание на НАТО ги прекина контактите со Федералното собрание во Русија

 

Парламентарното собрание на НАТО одлучи да ги прекине контактите со Федералното собрание на Руската федерација. Одлуката беше донесена на вчерашната седница на собранието во летонската претстолнина Рига, и соопштено од нејзиниот претседател Хју Бејли.

Шефот на делегацијата на Летонија во ПС на НАТО Ојарс Калнинш појасни дека се прекинува „секаква официјална соработка“ со руските парламентарци.

Бејли прецизираше дека собранието ги претставува парламентите на земјите членки на Алијансата, но е независна институција и не одразува единствена гледна точка на НАТО. Тој потенцираше дека членовите на ПА на НАТО го поддржуваат територијалниот интегритет на Украина. 

06.04.2014 - 10:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега