По добиениот сигнал меѓународни авиони и бродови се упатија во потрага по малезискиот авион

Авиони и бродови вклучени во меѓународната потрага по исчезнатиот малезиски авион на компанијата „Малезијан ерлајнс“ се упатија кон подрачјето каде кинески брод во изминатите два дена детектираше сигнали, кои би можеле да бидат од локаторот кој го емитува црната кутија од леталото, соопштија денеска австралиските власти.

- Денеска авиони на Австралиските кралски воздухопловни сили ќе се приклучат како помош во понатамошното испитување на акустичните сигнали во близина каде кинески брод ги детектираше звуците. Бродот Ехо и пловилата на Австралискиот океански одбранбен штит, исто така се упатија за да се придружат на „Хаиксун 01“ што е можно побрзо за да помогнат во детекцијата, изјави шефот на Координативниот центар за заедничка акција Ангус Хјустон, пренесува Танјуг.

Сепак Хјустон дополни дека не е потврдено дека електронските импулси припаѓаат на исчезнатиот авион.

Кинеската новинска агенција Синхуа синоќа соопшти дека патролниот брод „Хаиксун 01“ во јужниот дел на Индискиот Океан открил „пулсен сигнал од 37,5 килохерци, што е иста фрекфенција која ја емитуваат уредите кои снимаат податоци од летот на авионот во кокпитот. 

06.04.2014 - 10:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега