Претседателот Додик најави можна блокада на институциите на БиХ

Претседателот на Република Српска Милорад Додик најави дека следната седмица ќе се обиде уште еднаш да се договори со претставниците на Федерацијата БиХ за проектот „Јужен тек“. Тој додава дека засега нема нови сигнали ниту за, ниту против од БиХ.

 

- Доколку, сепак, договорот за тој проект не биде прифатен во Федерацијата, тогаш на РС не и преостанува ништо друго освен да ја спроведе својата политика во Советот на министри на БиХ, така што нема да дава поддршка за ниту една друга одлука додека тоа не се реши, порача Додик.

 

Тој рече дека РС успеала со руската страна да се договори за правата и обврските, преку договор, за што согласнот треба да даде и Советот на министри.

- Сите права и обврски би се лоцирале на РС и не би навлегувале во никакви права и обврски на ФБиХ или на ниво на БиХ, потенцира Додик.

 

Проблемот се случи кога ФБиХ одби учество во изградбата на гасоводот „Јужен тек“, а за учество на РС во тој проект потребна и е согласност од Советот на министри на БиХ.

06.04.2014 - 10:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега