Продолжуваат предизборните кампањи - еве каде ќе има митинзи
Продолжуваат претседателската кампања и кампањата за предвремени парламентарни избори.
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ денеска ќе одржи централни митинзи во Гостивар и во Тетово, а претходно ќе имаат средби со граѓани во Желино, Боговиње и помал митинг во Теарце.
СДСМ, пак, ќе одржи митинг во центарот на Скопје, на кој ќе ги промовира кандидатите за пратеници и коалициските партнери.
ГРОМ ќе одржо митинг во Богданци и средби со граѓани во Гевгелија, Нов Дојран и Стар Дојран.
Демократската партија на Албанците ќе има митинг во општина Теарце.
На митинзите на партиите свое обраќање ќе имаат и кандидатите за претседател на Република Македонија - Ѓорге Иванов, Стево Пендаровски, Зоран Поповски и Илјаз Халими.
Конвенција и промоција на кандидатите за пратеници ќе имаат и Националната демократска преродба (НДП) - во Куманово и ВМРО-Народна партија - во Охрид.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа