Српски државјанин уапсен во Албанија поради криминална афера

Полицијата од северниот албански град Скадар уапси српски државјанин уапсени поради криминална афера.

Станува збор за Бранислав Ивановиќ(66) од Белград, кој бил уапсен во мигот кога сакал да направи сомнителна трансакција со голем износ на пари.

Случајот за понатамошна истрага е даден до Обвинителството и  тој ќе одговара за „вмешаност во корупциска афера“.

 

Тој е уапсен при обид да префрли 300 илјади евра од албанска во азиски банки. Ивановиќ, парите ги земал од друг државјанин на Србија кој преку измама на тамошна компанија ги приграбил парите. 

06.04.2014 - 10:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега