Временска прогноза: Нема да видиме сонце

 

Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 литри на m2) и проследени со ретки грмежи, особено во јужните и југоисточните делови од државата. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури ќе се движат од осум до 13, а дневните од 14 до 19 степени.

Во Скопје и околината слично време, претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и со умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се искачи до девет, дневната до 18 степени Целзиусови.

06.04.2014 - 09:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега