СТРАВИЧНА НЕСРЕЌА НА ПАРТИЗАНСКА: Возач „собрал“ луѓе од автобуска станица

Стравична несреќа се случила вечерва на булеварот Партизански одреди на автобуската станица спроти хотелот Карпош.

Возач кој управувал со автомобил Ауди ТТ изгубил контрола и откако најпрво удрил во такси возило, удрил и во киос на автобуската станица при што повредил неколку лица.

Првично е познато дека  станува збор за тројца повредени но каква е нивната состојба сеуште не е познато. Полицијата во моментов врши увид.

06.04.2014 - 00:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега