Груевски: Ќе ги зголемиме платите, пензиите и субвенциите

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва најави зголемување на пензиите, на социјалната помош и на платите во јавниот сектор секоја година за 5 отсто или за четири години вкупно зголемување за 21,5 проценти.

На централниот митинг на коалицијата „За подобра Македонија“ кој се одржа на скопскиот плоштад, Груевски најави дека во новата програма „Проверено“ на ВМРО-ДПМНЕ во која се содржани 2.046 нови проекти се предвидува и намалување на стапката на ДДВ од 18 на 5 отсто на сточната храна и адитивите за сточна храна, на живиот добиток, на бебешките производи, на училишниот прибор.

-Намалување на ДДВ од 18 на 5 % на сточна храна и адитиви на сточна храна, намалување на ДДВ од 18 на 5 % за жив добиток, за бебешки производи, училиштен прибор, намалени каматни стапки за проектот „Купи куќа, купи стан“. Првите три години наместо 4,9 % ќе изнесува 3,95 %, а во 4 и 5 година наместо 5,5, ќе биде 4,44 %, наброи премиерот Груевски.

Тој најави дека пензиите на пензионерите секоја година ќе се зголемуваат за 5%, што значи дека за 4 години пензиите ќе бидат повисоки за 21%.

ВМРО-ДПМНЕ, најави премиерот Груевски, ќе обезбеди вкупно 600 милиони евра за развој на земјоделството и руралните средини, по 150 милиони секоја година.

-Ова е историски највисок постигнат износ за поддршка на земјоделците, рече премиерот.

05.04.2014 - 23:33
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега