Албанец доби затворска казна од 34 години поради сексуално злоставување на сопствената ќерка

 

47- годишен албански емигрант судот во Солун му изрече затворска казна во траење од 34 години под обвинение дека десет години сексуално ја злоставувал сопствената ќерка.

Девојчето имало седум години кога таткото почнал сексуално да го злоупотребува, а сега таа има седумнаесет години.  Поради заканите на таткото дека ќе го убие девојчето молчело цели десет години, но кога се обидело да се самоубие со сечење на вените, за грозоморниот настан дознала нејзината мајка.

Тетката на злоставуваното девојче го пронашла со исечени вени, по што го однела девојчето во полиција.

Во текот на судењето таткото постојано повторувал дека бил пијан и оти не се сеќава на ништо.

05.04.2014 - 15:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега