Љупчо и Даниел тргнаа на хуманитарна велосипедска тура низ Балканот

Љупчо од Скопје и неговиот другар Даниел од Бугарија денеска напладне од Школка во Градскиот Парк тргнаа на хуманитарна велосипедска тура за дечињата од СОС-детското село.

Оваа активност на Љупчо и Даниел, кои следните неколку недели ќе поминат 1.700 километри низ шест балкански земји, е по повод 6 Април, Меѓународниот ден на спортот, а се реализира со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Општина Гази Баба.

- Победниците никогаш не се откажуваат, а откажувачите никогаш не победуваат. Токму оваа мисла ја претставува заложбата, истрајноста и посветеноста на Љупчо и Даниел во името на хуманоста да го направат овој спортски подвиг. На тој начин уште еднаш ќе потврдат дека спортот е дел од нашето секојдневие и најдобар амбасадор надвор од нашите граници, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, пред поаѓањето на момчињата.

Градоначалникот Тони Трајковски истакна дека е горд што проект како СОС Детското Село се наоѓа на територијата на општината Гази Баба. 

05.04.2014 - 15:11
Фото: 
http://www.sos.org.mk/

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа