ФОТО: Двајца тешко повредени - страотна слика на влезот од Велес

Страшна несреќа се случила претпладнево на влезот од Велес. Според информациите до кои стигнал порталот Курир, две лица се тешко повредени.

Несреќата се случила кога се судриле автомобил и мала цистерна која превезувала млеко. Повреди заработиле возачот и сопатничката од автомобилот.

Повредените биле пренесени во велешката болница. Полицијата врши увид и работи на откривање на причините за несреќата.

 

05.04.2014 - 14:50
Фото: 
Курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега