Малезиските власти не очекуваат влошување на односите со Кина

На ударни места денеска малезиските медиуми ја пренесуваат изјавата на премиерот Наџиб Разак дадена во Перт, Австралија, според која трагедијата со исчезнатиот Боинг 777 и завчерашното киднапирање на кинеска државјанка во Малезија, нема да влијае на сега добрите односи со Кина.

Премиерот Разак, кој и во сопствената земја поради мистеријата со авионот е под силен притисок на јавноста, неколку дена е во Перт каде на лице место се обидува да учествува во координација на операциите за пронаоѓање на исчезнатиот малезиски авион.

Разак смета дека киднапирањето на кинеската туристка во луксузното летувалиште на островот Борнео е дело на политичките сили во Малезија кои се незадоволни од нормализацијата на односите меѓу Пекинг и Куала Лумпур.

05.04.2014 - 13:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега