Останува во сила забраната на „ЈуТјуб“ во Турција

Иако вчера беше донесена одлука за повлекување на забрната судот во Турција одлучи пристапот до „ЈуТјуб“ да остане блокиран.

 

Судот во Анкара вчера донесе одлука за укинување на забраната на „ЈуТјуб“ воведена на 27 март, со образложение дека со неа се кршат човековите права и слободи но ваквата одлука судот подоцна ја промени соопштувајќи дека забраната останува во сила се додека од страницата не биде симната аудио снимката на која наводно турски безбедносни претставници разговарааат за Сирија, пишува турскиот весник „Хуриет“.

 

Уставниот суд претходно ја симна забраната на Твитер, воведена од турските власти на 20 март.

 

Укинувањето на Твитер беше остро критикувано од турските сојузници во НАТО и организациите за човекови права. 

05.04.2014 - 13:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега