Тинејџерка заврши скршена на скопскиот ургентен - мајка и ја прегазила возејќи во рикверц

41 годишната гостиварчанка Е.А. ја прегазила сопствената ќерка возејќи во рикверц. Според информациите од тетовската полиција, 15 годишното девојче заработило тешки повреди и завршило на скопските клиники.

Незгодата се случила синоќа околу 19 часот на улица во селото Балиндол. Мајката се обидувала да го паркира автомобилот „Голф“, а ќерката и покажувала правец. Во еден момент, додека мајката возела во рикверц, го удрила девојчето и тоа се нашло под тркалата.

По несреќата, девојчето било пренесено во гостиварската општа болница, но, поради сериозноста на повредите, била префрлена на скопските клиники. 15 годишното девојче заработило скршеници на двете раце.

05.04.2014 - 12:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега