Каменуван автобус на ЈСП

Засега непознати лица вчера каменувале автобус на ЈСП, кој сообраќал од Арачиново до Транспортниот центар - Скопје.

Според МВР, инцидентот се случил на улицата „1“ во скопско Арачиново, кога група непознати лица го каменувале автобусот број 55. Лицата успеале да го оштетат задното лево стакло на автобусот. 

 

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

05.04.2014 - 12:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега