Трагедија: 17 годишно момче починало џогирајќи

17 годишно момче од Смедерево, Србија починало додека џогирало по кејот на реката Дунав, во својот град. Како што јавуваат локалните српски медиуми, 17 годишниот Лазар Симијоновиќ завчера вечер трчал со своите другари од веслачкиот клуб Смедерево на кејот на реката во рамките на својот кондиционен тренинг. Во еден момент паднал а неговите другари веднаш повикале брза помош. Иако не бил свесен, Лазар се уште имал пулс па брзо ил префрлен во здравствениот дом во Смедерево, но лекарите не можеле да направат ништо за да му го спасат животот.
Веслачкиот клуб Смедерево е проколнат, коментира локалното население, бидејќи пред две години, на полесен тренинг во својот кајак починал и 24 годишниот Немања Нешиќ.
Од клубот велат дека Лазар редовно ги поминувал спортските прегледи а последниот го направил на почетокот на февруари оваа година.
Обдукцијата треба да пикаже кои се причините за смртта на 17 годишното момче, иако се претпоставува дека најверојатно станува збор за мозочен или срцев удар.

05.04.2014 - 12:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега