Попоски на неформална средба со колегите од Европа
Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска во Атина ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија со земјите - кандидати за членство.
Според информациите од македонскот МНР; Попоски ќе учествува на состанокот на покана на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Кетрин Ештон и заменик премиерот и министер за надворешни работи на Република Грција Евангелос Венизелос.
05.04.2014 - 10:40
Фото:
mfa.gov.mk
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа