ВМРО-ДПМНЕ денеска ја стартува кампањата - се подготвува голем митинг во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска ќе одржат масовен митинг во Скопје.

Во 20:00 часот на плоштад „Македонија“ тие официјално ќе ја започнат кампањата за предвремените парламентарни избори.

Како што премиерот Груевски најави вчера вечер, денеска ќе биде промовирана најдобрата и најквалитетната програма што било кога била подготвена во Македонија.

Во програмата за следниве 4 години, оваа владина коалиција има напишано 2046 проекти.

05.04.2014 - 10:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега