Грчкиот премиер пред нова политичка криза

Според британскиот весник „Гардијан“, актуелниот грчки премиер Андонис Самарас може да се соочи со нова политичка криза откако секретар во неговиот кабинет го обвини дека се обидел да влијае врз криминалната истрага против неонацистичката партија Златна зора, со цел да добие повеќе гласови.

Во весникот се наведува дека скандалот доведе до оставка на секретарот Панајотис Балтакос, близок до Самарас, кој сега се соочува со барање на опозицијата за оставка на Владата.

Балтакос поднесе оставка само неколку часа откако беше објавена видео снимка, на која преку скриена камера снимен е разговор меѓу него и претставникот на Златна зора, Илијас Касидијарис.

На снимката се слуша како Балтакос вели дека истрагата за криминалните активности на Златна зора  има за цел да ги прикрие загубите за партијата Нова демократија од владината коалиција.

Записот се појавува во многу жешка политичка атмосфера имајќи ги предвид евроизборите, што го зголемува сомнежот за поврзаност на екстремната десница со фракции од владејачката партија.

Британскиот весник коментира и за интервјуто кое го дал Балтакос за радиото „Ријал ФМ“, во кое тврди дека тоа што го направил е „за добро на земјата“, со цел да ги разубеди граѓаните да не гласаат за „Златна зора“, додавајќи дека премиерот не знаел ништо за тоа.

05.04.2014 - 10:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега