Пет лица загинаа во Индонезија откако воз излета од шините

Пет лица загинаа, откако поради одрон, предизвикан од поројните дождови денеска на најголемиот индонезиски остров Јава, патнички воз излета од шините.

Возот сообраќал од градот Бандунга на западна Јава до Маланг на источниот дел на островот, а во него се наоѓале околу 250 патници.

Земјата се одронила под шините додека возот минувал низ град Тасикмалаја, по што од шините излетаа три од вкупно осум вагони, изјави портпаролот на индонезиската агенција за вонредни ситуации, Сутопо Пурво Нугрохо, додавајќи дека загинале пет луѓе.

05.04.2014 - 10:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа