ДИК продолжува со подготовките за претстојните избори

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред е предлог-одлуката за доделување транспортни трошоци на општинските изборни комисии и избирачките одбори, за спроведување на претстојните претседателски и парламентарни избори.

ДИК денеска ќе ги разгледа и барањата за акредитација на набљудувачи од Парламентарното Собрание на Советот на Европа и од Амбасадата на Франција за претстојните избори, како и предлог решенијата за поднесени пријави за гласање во странство од изборните единици 7, 8 и 9.

На дневен ред се и пријавите за гласање во ДКП-Тирана, пресудите од Управен суд по барањата за запишување во посебниот извод од Избирачки список – Тирана, како и предлог-заклучокот за запишување лица во Избирачкиот список. 

05.04.2014 - 10:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега