Забрана за поставување видео камери на работните места во Грција

Грчката управа за заштита на личните податоци забрани поставување на видео камери на работните места, во рестораните, во зоните за рекреација и на други места, со исклучок за некои посебни случаи.

Конкретно забранети се камерите за видео надзор на местата за јадење и одмор, во соблекувални и тоалети, како и на работните места во кои е забранет пристап на клиентите.

Забрането е поставување на видео камери за надзор на вработените на нивните работни места, освен во некои конкретни случаи и кога тоа е оправдано од работните услови иле е неопходно за заштита на здравјето и безбедноста на вработените.

Камерите може да се поставуваат околу каси и сефови за чување пари, под услов тие да се насочени кон апаратите, а не кон работните места на вработените. Видео снимките мора да бидат уништени во рок од 15 работни дена. На местата на кои има поставено камери треба да има известување дека се постои видео надзор.

05.04.2014 - 10:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа