Путин доби забрана за влез во синџир ресторани

Синџирот ресторани за мексиканска брза храна „Мајти Тако“, со седиште во Бафало во американската сојузна држава Њујорк, му забрани пристап на рускиот претседател Владимир Путин во сите негови 23 објекти.  

Компанијата соопшти дека на Путин му е забранет пристапот поради „одземањето на Крим од Украина“.

 

Путин може да прави порачки во врска со Крим, но нема да може да порача „Супер мајти“, еден од најпопуларните оброци на овој синџир ресторани за брза храна, се наведува во соопштението на компанијата.

 

Меѓу другото, наведено е и дека на рускиот претседател ќе му биде овозможен пристап во овие ресторани кога ќе престане „да се однесува како насилник“.

05.04.2014 - 10:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега