Пролетта ќе не изневери - еве што ќе се случува со времето

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во вечерните часови кога наместа тие ќе бидат и поројни проследени со грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од пет до 10, а дневната од 16 до 22 степена.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, а попладне ќе има врнежи од дожд проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

Слично време ќе се задржи и утре особено претпладне, а во попладневните часови облачноста ќе се намали. Ќе биде малку посвежо. Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 12 до 18 степени.

 

05.04.2014 - 09:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа