ВМРО-ДПМНЕ утре ја стартува кампањата со голем митинг во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ утре ќе одржат масовен митинг во Скопје.

Во 20:00 часот на плоштад „Македонија“ тие официјално ќе ја започнат кампањата за предвремените парламентарни избори.

Како што премиерот Груевски најави вечерва, утре ќе биде промовирана најдобрата и најквалитетната програма што било кога била подготвена во Македонија.

Во програмата за следниве 4 години, оваа владина коалиција има напишано 2046 проекти.

04.04.2014 - 22:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа